Војната во Украина започна со Крим и мора да заврши со неговото ослободување, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува Би-Би-Си.
Украинскиот претседател зборуваше откако низа експлозии вчера погодија руска воздушна база на полуостровот, при што загина едно лице.
Зеленски не ги спомна експлозиите, но рече: „Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него“.
Инаки, Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврди дека Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици.
На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори: „Се разбира дека не“. Што имаме ние со тоа?“
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека муниција експлодирала на аеродромот на Крим, но дека немало никаков напад и дека ниту еден авион не е оштетен.