More

    Зеленски постојано се убедувал со германскиот канцелар за воената помош

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот однос со Германија како нагоре и надолу во интервју за Шпигел, велејќи дека „постојано мора да го убедува“ германскиот канцелар Олаф Шолц да ѝ помогне на Украина заради Европа, пренесува Ројтерс.

    – Морам да вршам притисок да ѝ помогнам на Украина и постојано да го убедувам (Шолц) дека оваа помош не е за нас, туку за Европејците – изјави Зеленски за Шпигел.

    – Нашиот однос со Германија оди во бранови, горе-долу – додава тој.

    Украинскиот претседател рече дека е благодарен што Германија испратила противвоздушни одбранбени системи ИРИС-Т кои, според него, спасиле животи, но дека дебатата за испраќање тенкови ја вратила врската во „тешка фаза“.

    Германија долго време молчеше во однос на испораката на тенкови „Леопард 2“, а се сложи да испрати 14 од нив откако САД решија да испратат 31 „Абрамс“ и повеќе други европски земји рекоа дека ќе испратат свои тенкови.

    Времето потребно за одлуката на Германија, вклучително и за системите за воздушна одбрана ИРИС-II и пешадиските борбени возила Мардер, предизвика критики од некои сојузници.

    Од друга страна, Германија останува втор најголем донатор на воен хардвер во Украина по САД, анализира Килскиот институт за светска економија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img