Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во средата во ненајавена посета на Финска, на средби со нордиските лидери на разговори за војната со Русија и за односите на Украина со ЕУ и НАТО, објавија владите на неколку земји во регионот.
„Темата на самитот е руската агресивна војна против Украина, континуираната поддршка на нордиските земји за Украина, односот на Украина со ЕУ и НАТО и украинската иницијатива за праведен мир“, соопшти шведската влада.
Според изјавите на тие влади, Зеленски ќе се сретне со финскиот претседател Саули Нииниста, како и со премиерите на Шведска, Норвешка, Данска и Исланд.