Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, повикувајќи ги сојузниците да испратат повеќе оружје за неговата војска пред новите руски офанзиви.
Тој ги коментираше и мировните преговори, велејќи дека не знае со кого ќе преговара и дека не е ни сигурен дали рускиот претседател Владимир Путин е жив.„Не сум сигурен дека тоа е претседателот на Русија, кој понекогаш се појавува некаде на телевизија, не сум сигурен дека е тој. Не сум сосема сигурен дека е жив и дека носи одлуки. Кој ги носи одлуките таму? Кои се овие луѓе? Немам такви информации“, рече Зеленски.
„Не разбирам како можете да им ветувате едно нешто на европските лидери, а следниот ден да започнете целосна инвазија на нашата земја. Само не ми е јасно со кого си имаме работа. Не разбирам баш со кого треба да преговараме. Русија прво треба да најде некого, а потоа да предложи нешто“, рече Зеленски.