Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја прави се што може за да го скрати времето до испораката на нови авиони од Запад. Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека првиот украински борбен авион Ф-16 ќе биде „еден од најсилните сигнали дека рускиот терор изгубил“.
„Правиме се што можеме за да го скратиме времето за постигнување резултати, до појава на нови и моќни авиони со украински пилоти на небото на Украина. Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе загуби поради сопствената агресија, станувајќи се послаба и изолирана. Ова ќе биде сигнал дека рускиот тероризам загуби, а нашиот свет, кој се заснова на почитување на независните нации и правото на народите сами да го изберат својот пат, преживеа“, рече Зеленски.
Русија вчера предупреди дека сите американски борбени авиони Ф-16 испорачани на Украина ќе бидат „легитимна цел“ за Москва.