Зеленски на средба со Бајден во Белата куќа ќе разговараат за итните потреби на Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот украински колега Володимир Зеленски се очекува да се одржи утре во Белата куќа. Зеленски ќе пристигне во САД во текот на денешниот ден. Двајцата лидери треба да разговараат за одбранбената соработка меѓу САД и Украина наведуваат од канцеларијата на Зеленски.

Во моментов Републиканците во САД во Конгресот го блокираат пакетот од 110 милијарди долари наменет за Израел, Украина и Тајван, средства од кои 61 милијарда се наменети за Украина.

Белата куќа објави дека двајцата претседатели ќе разговараат за „итните потреби“ на Украина во војната против Русија“.

Во неделата Зеленски присуствуваше на инаугурација на новиот аргентински претседател Хавиер Милеј. Медиумите пишуваа за краткио момент кога Зеленски му се приближи на унгарскиот претседател Виктор Орбан велејќи му деа сака да раговара за важни работи.

„Разговарав со Виктор Орбан искрено колку што е тоа можно. Јасно е дека разговаравме за европски прашања“, напиша Зеленски на Телеграм.

Share This Article