More

    Зеленски му порача на шефот на украинската национална гарда да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивни претпоставени

    spot_img

    Претседателот Володимир Зеленски му порача на шефот на украинската национална гарда да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивни претпоставени.

    Државната безбедносна агенција СБУ минатиот месец објави дека привеле двајца полковници од гардата кои наводно соработувале со Русија во заговор за атентат врз Зеленски и други функционери, вклучувајќи го и шефот на воената разузнавачка агенција Кирил Буданов. Украинската гарда штити различни владини претставници.

    Претставувајќи го полковникот Олексеј Морозов, Зеленски денеска рече дека негова главна задача е да се осигура дека само оние кои гледаат иднина со Украина можат да се приклучат на агенцијата. Тоа беше негова прва индиректна изјава на оваа тема откако агентите беа уапсени.

    „И, се разбира, агенцијата мора да биде исчистена од сите оние кои не ја избраа Украина за себе или ја дискредитираа Националната гарда“, напиша тој на Телеграм.

    Зеленски го отпушти претходникот на Морозов, Серхи Руд, во мај, два дена откако СБУ уапси нејзини вработени обвинети дека работеле за руската безбедносна служба и и давале доверливи информации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img