More

    Зеленски ја опиша неделата како „моќен ден“ на фронтот

    spot_img

    Во неделата се водеа тешки борби во североисточниот дел на Украина, украинските силите ги држат борбените линии и постигнуваат успешен напредок во некои области, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на тврдењата на висок украински функционер.

    Во исто време, руската армија објави дека ги запрела украинските сили на североисток и дека три украински беспилотни летала биле соборени во обид да ја нападнат Москва, наведува британската агенција.

    Украина директно не ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала, но украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната „постепено се враќа на руска територија – во нејзините стратешки центри“.

    Зеленски ја опиша неделата како „добар“ и „моќен ден“ на фронтот, особено во близина на Бахмут, каде што украинските сили тврдат дека ја враќаат територијата изгубена во мај кога руските сили го зазедоа градот.

    Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар рече дека руските сили „се обидуваат да ги избркаат“ украинските војници од позициите на североистокот кои беа окупирани од Русија по инвазијата во февруари 2022 година, но подоцна беа вратени од украинските војници.

    Клучната задача на Русите, изјави Малиар за националната телевизија, беше „да го одвлечат вниманието на нашите сили од областа Бахмут, каде што имаме успешна офанзива.

    „Неделава бескрајно напаѓаа. Но, нашите војници се спротивставуваат на нападите и понекогаш ги враќаат назад со големи загуби“, ја цитира британската агенција изјавата на Малиар.

    Украина започна контраофанзива минатиот месец, фокусирајќи се кампања на југ за да ги одвои руските сили кои држат територии на исток и на анектираниот полуостров Крим и да добијат терен околу окупираниот Бахмут, анализира британската агенција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img