Руските војници се обидуваат да го прикријат присуството на Северна Кореја на бојното поле со горење на лицата на мртвите војници со логорски оган, тврди украинскиот лидер Володимир Зеленски, пренесе Њузвик. Тој сподели снимка во која неколку луѓе се кријат зад дрвја.
Зеленски рече дека тоа се севернокорејски војници кои штотуку нападнале украинска позиција на фронтот.
– Одбранбените сили на Украина и разузнавачката служба работат за да ги утврдат точните загуби што ги претрпеле руските единици, вклучувајќи ги и севернокорејските војници – рече Зеленски.