Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.
– Сакам да им го кажам ова уште еднаш на руските мајки, особено на мајките на воените регрути. Не ги испраќајте вашите деца во војна во странска земја – рече Зеленски.
Тој ги повика „да не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на вежби … или во неборбени услови“ и „да дејствуваат веднаш доколку има сомневања дека нивните деца се испраќаат да се борат во Украина“.
Обраќањето доаѓа откако Русија пред три дена за првпат призна присуство на регрути во редовите на нејзините сили во Украина – од кои многумина не биле обучени за борба – и објави дека голем број од нив биле заробени.