Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешното обраќање до нацијата истакна дека неговата делегација има „јасна задача“ да направи се што може за да обезбеди средба меѓу двајцата претседатели.
– Тие мора да сфатат дека ова е комплицирана приказна, како и тежок, но исклучително неопходен пат – изјави Зеленски.
Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат денеска, а ќе се одвиваат во форма на видео конференција, потврди портапоролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој воедно е и член на рускиот преговарачки тим.
Михаил Подољак, еден од украинските преговарачи и советник на украинскиот претседател еленски, ја потврди изјавата на Кремљ, јави Би-Би-Си.
– Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија, која се одржува денеска, ќе се фокусира на постигнување договор за прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина – истакна Подољак.
Тој напиша на социјалните мрежи дека „позицијата на Украина останува непроменета во инсистирањето за прекин на огнот пред да се одржат евентуални разговори за натамошните односи“.