More

    Зеленски „има разбирање“ зошто Украина не доби покана за НАТО

    spot_img

    На самитот на НАТО во Вилнус, Украина не доби конкретна покана за членство во НАТО, ниту акциски план за пристапување, но затоа доби три пакети воена помош и најава за безбедносни гаранции од групата Г7. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај напорите да биде благодарен на помошта и воздржан во изјавите, не можеше да го скрие разочарувањето. Некои кадри од Вилнус говорат повеќе од илјада изјави.

    На прес конференцијата по средбите Зеленски изјави дека е „разбирливо“ што Украина не може да стане полноправна членка на НАТО додека трае војната – нагласувајќи дека тоа е „апсолутно јасно“.

    Зборувајќи пред новинарите на самитот на НАТО во Литванија, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Зеленски истакна дека „тој апсолутно ги разбира партнерите кои и помагаат на Украина… и дека ова е момент на опстанок… и разбира дека некои се плашат да зборуваат за членството на Украина, бидејќи никој не е подготвен за светска војна, логично е“.

    – Украина јасно разбира дека сојузниците му помагаат на Киев со оружје и дека тоа е важен сигнал дека членството беше споменато на самитот на НАТО – додаде Зеленски.

    Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави во Вилнус дека она што западните сојузници ѝ го понудиле на Украина „апсолутно не е доволно“, иако е јасно дека таа не може да влезе во НАТО додека трае војната со Русија, бидејќи членството на Украина автоматски ќе го вклучи Западот во војната.

    – Претходните предлози апсолутно не се доволни. Се надевам дека за неколку години Украина ќе биде полноправна членка на НАТО. Треба да бидеме едногласни за да можеме да зборуваме за полноправно членство на Украина во моментов, да одлучиме денес дека Украина ќе биде членка, дури и утре – изјави претседателот Дуда за новинарите на вториот ден од самитот.

    Меѓудругото, се очекува денеска во Вилнус седумте најразвиени земји од светот на Г7 (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Држави) да објават нови безбедносни гаранции за Украина.

    Инаку, борбите во Украина продолжуваат, со секојдневни извештаи за загинати и масовно уништување на украинските градови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img