More

    Зеленски и Ердоган се договориле се чека одобрение од Путин

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски се договорија Турција да ги пренесе ранетите и загинатите од нападите на руската армија во Мариупол, објави Т24, цитирајќи изјава на украинскиот претседател.

    – Турција е подготвена да ги пренесе ранетите и загинатите од Бердјанск со брод, бидејќи е невозможно да се приближи до Мариупол од безбедносни причини. Затоа ранетите и загинатите мора прво да се однесат во Бердјанск. Ситуацијата во Мариупол е една од најтешките. Турција посредува во оваа специјална мисија. Разговарав со Ердоган, Ердоган разговараше со Путин. Сега се зависи од неговото одобрување (на Путин) – рече Зеленски.

    Деновиве турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека Анкара е подготвена да обезбеди брод за транспорт на ранетите украински граѓани и загинатите во Мариупол. Тој нагласи дека за ова прашање се преговара со руските и украинските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img