More

    Зеленски го разреши шефот на државната безбедност

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши шефот на Управата за државна безбедност (УДО), Серхи Руд,  по неуспешната закана за атентат

    Според украинскиот државен врв, Управата за државна безбедност ја сноси одговорноста за неуспешниот обид за напад врз украинскиот лидер, пренесува Ројтерс.

    Зеленски издаде указ за разрешување на Руд, но не прецизираше кој ќе го замени на чело на УДО.

    Во вторникот, Службата за безбедност на Украина (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (СБУ), кои, заедно со уште тројца обвинети, беа осомничени дека подготвувале атентат на претседателот Володимир Зеленски, началникот на СБУ, Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање, Кирил Буданов и други високи функционери по инструкции на руските специјални служби.

    Како што е соопштено, контраразузнавањето и истражителите на Службата за безбедност на Украина ги осуетиле плановите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за елиминирање на претседателот на Украина и други претставници на највисокото воено и политичко раководство на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img