More

    Зеленски го одби Гутереш за посета на Киев поради неговото присуство на средбата на БРИКС во рускиот град Казан

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби генералнио секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш за посета на Киев поради неговото присуство на средбата на БРИКС во рускиот град Казан.

    – По Казан, тој (Гутереш) сакаше да дојде во Украина, но претседателот не го потврди тоа поради „понижувањето“ што му е нанесено на меѓународното право во Казањ – изјави висок претставник на украинското претседателство.

    Гутереш вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот на БРИКС, на кој учествуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН повторно ја изразил својата „позиција дека руската инвазија на Украина“ е „нарушување“ на меѓународното право, според изјавата на неговиот портпарол.

    Засега Кремљ нема дадено информации за разговорот зад затворени врати.

    Пред средбата со Путин, Гутереш повторно повика на праведен мир во Украина пред учесниците на форумот БРИКС. Уште пред оваа билатерална средба, Киев остро го критикуваше „лошиот избор“ на Гутереш да го посети Казан, оценувајќи дека тоа „само ја наруши репутацијата на ОН“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img