Украинскиот претседател Володимир Зеленски со една маичка успеа да ги испровоцира и рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп кој повторно се кандидираше за претседател на САД.
Зборувајќи за новата американска помош за Украина, Зеленски на видеото носи маица направена според слоганот на Трамп, но малку видоизменет.
„Направете ја Русија повторно мала“, порачува Зеленски алудирајќи на „Направете ја Америка повторно голема повторно“ (Make America great again).