More

    Зеленски ги постави условите за почеток на преговори со Москва

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Скај Њуз изјави дека не е заинтересиран за средба со Владимир Путин за мировни преговори, велејќи дека рускиот претседател е „никој”.

    – Разговори би биле можни само ако Русија ги повлече своите војници, ја признае својата грешка и има нова влада во Москва – изјави Зеленски за британската телевизија Скај њуз. – Само тогаш би биле можни разговори, потенцираше шефот на украинската држава.

    Зеленски, и претходно, со декрет забрани преговори со рускиот претседател Владимир Путин на крајот на септември 2022 година, потсетува ДПА.

    – Тие не сакаат разговори, а тоа беше случај и пред инвазијата. Претседателот Путин така одлучи, вели Зеленски. Украинскиот претседател истакна дека средбата со Путин нема смисла. – Немам интерес. Не е интересно да се среќаваме, не е интересно да зборуваме – рече тој. …Навистина не знам кој ги носи одлуките во Русија.

    Тој додаде дека „не разбира кој ги носи одлуките во Русија” и дека додека Москва бара мир, таа лаже напаѓајќи ја Украина со проектили.

    Тој, исто така, ги коментираше шпекулациите за руска офанзива во Украина во наредните недели.

    Претседателот на Украина рече дека луѓето се негов приоритет број еден, додавајќи: „Не сакам да се борам на руска територија. Само сакам што поскоро да ја прекинат војната и што побрзо да ја напуштат нашата земја. Можам со сигурност да ви кажам дека ако ја напуштат нашата територија, војната ќе престане. Тоа е сѐ.”

    На прашањето дали е доцна за разговори, Зеленски рече: „По сеопфатната инвазија, за мене Путин е никој”.

    Тој рече дека е убеден дека Украина е само првиот чекор за Путин.

    Пред војната, рече тој, имало средби со Путин.

    – Видов човек кој рече едно, а потоа направи друго – рече Зеленски на англиски. „Кој е тој сега? По целосната инвазија, за мене тој е никој”, истакна Зеленски во интервјуто за Скај Њуз, дадено на англиски јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img