Украинскиот претседател дојде во ненајавена посета на градот Бахмут во областа Доњецк на истокот на земјата, каде со месеци се водат жестоки борби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска отиде во ненајавена кратка посета на градот Бахмут во Доњецката област на истокот на земјата, каде со месеци траат жестоки судири меѓу руските и украинските сили, јавува германската новинска агенција ДПА.
Тој ги обдари и награди украинските војници со медали.
Зеленски го нарече Бахмут „најжешката точка“
„Претседателот ги посети позициите на линијата на фронтот и му додели медали и вредни подароци на украинскиот борец“, изјави претставникот за печат на украинскиот претседател Сергеј Никифоров за украинската државна радио и телевизија Свобода.
Претходно во понеделникот, Зеленски го нарече Бахмут „најжешката точка“ на целата фронтна линија долга 1.300 километри, јави ДПА. Пред неколку месеци тој изјави дека руската армија го претворила местото во „изгорени урнатини“.
Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина пред речиси десет месеци, Зеленски не ја ни напушти својата земја. Во исто време, тој исто така неколку пати патувал во областите каде што се воделе судирите, со цел да им даде поддршка на украинските војници.