Бројот на загинати во двата руски ракетни напади врз градот Покровск на истокот на Украина се зголеми на девет, а 82 лица се повредени, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека се завршени спасувачките операции во Покровск, кој се наоѓа на околу 75 километри југозападно од Бахмут во источен Доњецк, каде во рускиот напад беа урнати станови и популарен хотел.
Зеленски истакна дека на сите им била укажана потребната помош и дека меѓу повредените има и две деца, пренесува Ројтерс.
Очевидци му кажале на снимателот на Ројтерс дека во првиот напад загинале двајца работници на итната помош, а МВР соопшти дека во вториот напад биле повредени 29 полицајци и седуммина спасувачи.