Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на тет-а тет средба, истакнувајќи оти тоа е единствен начин да се запре оваа војна.
„Седни со мене, само не на 30 метри како што седеше со францускиот претседател Макрон. Ние не ја напаѓаме Русија и не планираме да ја нападнеме. Што сакате од нас? Напуштете ја нашата земја – рече Зеленски во новото видео обраќање, додавајќи дека Украина не нападнала туѓа земја.
Не касам. Јас сум нормален човек, седни со мене, разговарај со мене, од што се плашиш, праша Зеленски.