Зеленски да ја промени дефиницијата за победа во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Некои претставници на Белата куќа се сомневаат дека Украина некогаш ќе може да ја врати целата територија што ја изгуби од Русија во изминатите четири месеци од војната, дури и со потешко и помодерно оружје што САД и нивните сојузници планираат да го испратат, изјавија неименувани извори од американската администрација за Си-ен-ен.

Како што се наведува, советниците на американскиот претседател Џо Бајден почнале внатрешна дебата за тоа како и дали украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да ја промени својата дефиниција за украинската победа, во согласност со можноста територијата на државата да е неповратно намалена.
Американските претставници за Си-ен-ен изјавија дека оваа попесимистичка процена не значи дека САД планираат да извршат притисок врз Украина да направи какви било формални територијални отстапки кон Русија со цел да се стави крај на војната.

Исто така, постои надеж дека украинските сили ќе можат да вратат значителни делови од територијата при евентуална контраофанзива подоцна оваа година.

Не се сите во американската администрација толку загрижени, бидејќи некои веруваат дека украинските сили повторно би можеле да им „пркосат на очекувањата“, како што тоа го направија во првите денови од војната кога руските сили беа спречени во офанзивата врз Киев, јави Си-ен-ен.

Share This Article