More

    Зеленски бара санкции против Русија

    spot_img

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е неопходно заеднички и одлучно да се дејствува на меѓународно ниво и побара пакети и оружје „а не само зборови“.

    „Секогаш кога Русија се обидува да ги уништи нашите животи, клучно е да одговориме колективно и одлучно на меѓународно ниво за да го намалиме и да го блокираме потенцијалот за терор. На Украина ѝ е потребна сила да го постигне тоа. Тоа е единствен начин да се постигне праведен мир и да се заврши убивањето на нашиот народ. Противвоздушни капацитети со долг дострел, пакети оружје и санкции против агресорот – тоа се акции кои се бараат, а не само зборови“, објави Зеленски на социјалната платформа Икс.

    Тој потсети дека во текот на ноќта руските сили нападнале неколку украински градови со беспилотни летала и проектили, вклучувајќи ги и регионите Одеса, Харков и Киев.

    „Во овој момент се познати повеќе од 20 жртви во Харков, меѓу кои и едно дете. Оштетени се станбени згради и инфраструктура. Како резултат на нападот во Одеса, има оштетувања на обични куќи. Едно лице загина. Девет лица се повредени. Итните и спасувачките операции во Запорожје продолжуваат со работа по вчерашниот напад во кој загинаа осум лица, а повеќе од 40 лица беа повредени, меѓу кои и четири деца“, наведе Зеленски.

    Тој додаде дека во 12 региони во текот на ноќта украинските сили собориле 62 дронови и четири наведувачки ракети Kх-59/69.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img