Пред почетокот на новата учебна година, „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за дечињата на кои им е најпотребно донираа повеќе од 150 училишни ранци, полни со тетратки, моливи, боици (дрвени, фломастери, водени и темперни), четки, линијари, пенкала, гуми, блокови, колаж или, сѐ она што му е потребно на едно дете во училиште!
– Почетокот на новата учебна година треба да претставува радост за секое дете, бидејќи, како што се вели, образованието е клуч за отклучување на светот – пасош на слободата. Или како што вели нобеловката Малала: „Една книга, едно пенкало и едно дете можат да го променат светот!“ – велат од компанијата.