More

    Здружението „Сакам да работам“ со реакција за групата демонстранти во Струга

    spot_img

    Здружението на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ реагираше на вчерашните демонстрации во Струга поврзани со игрите на среќа.

    „Здружението на вработени во секторот игри на среќа ‘Сакам да работам’ забележува повторно засилување на активната хајка против игрите на среќа. По секоја најава и иницијатива за измени на законот за игри на среќа, како по нарачка се јавува одредена група демонстранти кои спроведуваат негативна кампања. Крајно загрижувачки ет оа што се вклучени и верски лица кои се најрадикални во ставовите. Таков беше случајот и со вчерашниот протест на групата демонстранти во Струга.

    Во интерес на објективното информирање на јавноста, сакаме да ги разобличиме сите манипулативни тези во врска со игрите на среќа кои беа пласирани во Струга.

    Според официјалните информации, во Општина Струга заедно со околните села има вкупно 13 училишта, од кои 2 средни училишта. Според последниот попис на Државниот завод за статистика, Градот Струга е лидер по бројот на угостителски објекти во југозападниот регион на Македонија. Односно во Струга има 163 угостителски објекти, во кои меѓу другото се точи и алкохол и се пушат цигари, кои како општествени појави може штетно да делуваат врз развојот на младината. Зошто групата демонстранти, по истите аршини како за игрите на среќа, не побараат да се затворат и овие 163 угостителски објекти?

    Не е точно тврдењето дека во Грција сега се забранети игрите на среќа. Забраната падна во 2018 година. Кога грчките власти видоа дека од 3.000 до 5.000 Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 година поставија 36.000 апарати за игри на среќа за да спречат одлив на значителни финансиски средства надвор од државата. Исто така, во октомври 2022, албанската Влада соопшти дека по 4-одишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот премиер Еди Рама е дека по забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе ѝ помогне на албанската економија. А ако сакаме да зборуваме за европски трендови, доволно е да се земе примерот со Лихтенштајн. На 29 јануари 2023 година, 72% од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање ‘против’ ја отфрлија иницијативата за затворање на казината во Кнежевството. Во регионот, игрите на среќа се забранети само на Косово, но групата демонстранти од Струга треба да ѝ одговори на јавноста, колку жители од Косово на дневна основа играат игри на среќа во Тетово? Каде припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во некое друго друштво?

    Различните приредувачи на игри на среќа, вкупно гледано, вработуваат околу 10.000 лица, што е повеќе од вкупниот број на жители во 2 општини во Источна Македонија. Овој економски сектор е најголем приватен работодавач во земјата. Постојната регулатива во Северна Македонија е најстрога на Балканот бидејќи актуелниот закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Ние работиме во општествено одговорни компании кои целосно го штитат јавниот интерес и неселективно ги спроведуваме законските норми. Чесно е заговорниците на целосно затворање на сите објекти за приредување игри на среќа да соопштат јавно дали сакаат целосно затворање затоа што во овој економски сектор 90% од вработените се Македонци?

    Целосно затворање на легалните игри на среќа ќе предизвика отпуштање на 10.000 вработени, што статистички значи дека тоа се 35.000 нови кандидати за иселување од Македонија. Државата ќе изгуби најмалку 280 милиони евра буџетски приходи на годишна основа. Ќе се затвори целосно законска економска гранка што ќе предизвика играње на црно во подрумски простории, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци“, соопшти здружението на вработени во секторот Игри на среќа „Сакам да работам“,

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img