More

    ЗДРУЖЕНИЕТО АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ ЌЕ СТАНЕ ЈАВНА УСТАНОВА? Прво ќе ја финансираат општините, а потоа државата

    spot_img

    Претставници и лидери на партиите од коалицијата „Вреди“ денеска се сретнаа со претставници на Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово и најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение кое треба да се оформи како јавна установа.

    – На почеток оваа академија ќе биде поддржана од општините додека не најдеме законско решение таа да функционира согласно законот и да биде поддржана финансиски од буџетот, односно од јавните пари. Ова е еден чекор за да покажеме дека Албанците како важен дел на оваа држава можат да придонесат и во науката, уметноста и во сите области на ова општество. Цениме дека како втор поголем народ во државата имаме интелектуални капацитети да основаме академија која ќе придонесе во сите овие области за кои ќе биде основана – изјави Биљал Касами, претседател на Движењето Беса во име на коалицијата „Вреди“.

    Зеќир Кадриу, секретар на Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово рече дека оваа е нивна втора средба со коалицијата „Вреди“ која донела конкретни решенија.

    – Ние се чувствуваме многу горди што првиот чекор беше порано, а сега е и втор пат. По основање на Владата веќе почнуваме да го реализираме тоа што е предвидено во програмата. Во почетокот сите општини што се расположени да помогнат, ќе помогнат за да се основа оваа Академија, а понатаму, кога ќе се донесе закон ќе може да авансираме академија, што навистина мислам дека Албанците во Република Северна Македонија го заслужуваат – истакна Кадриу.

    Здружението бара да добие јавен простор и јавни финансии за научно – истражувачка работа во сферата на албанологијата, културата и посебностите на Албанците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img