Здравствени работници со десетпати поголем ризик, а тие го пренесуваат на пациентите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Image: 91678884, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes
- Advertisement -
Ad image

Здравствените работници имаат десетпати поголем ризик од заболување од грип во споредба со општата популација, поради природата на својата работа. Тие можат да се заразат со грип од своите пациенти или колеги. Според студии, за време на епидемија во здравствените установи, повеќе од половината здравствени работници кои се грижат за пациенти со грип, исто така се инфицираат од вирусот, истакнаа утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Грипот е сериозна болест и може да предизвика пневмонија, бронхитис или да ги влоши хроничните здравствени состојби. Вакцинацијата против грип, секоја година, е најдобар начин да се заштитите од ова заболување“, велат од Институтот.

Според студиите, здравствените работници можат да го пренесат грипот на своите пациенти, особено на оние кои се подложни на развој на компликации.

„Грипот е особено опасен за мали деца, постари лица и луѓе со ослабен имунитет или други хронични заболувања. Како резултат на пренос на грип од здравствен работник, некои пациенти може да развијат компликации опасни по животот. Документирани се случаи на смрт од грип во неонатални центри за интензивна нега и на онколошки педијатриски одделенија“, се додава во соопштението.

Share This Article