Здравко Чолиќ пеел на страшно невреме

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Здравко Чолиќ со причина е една од најголемите ѕвезди на Балканот. Пејачот има генерации обожаватели кои верно го следат и знаат да поминат илјадници километри за да не го пропуштат концертот на Чолиќ.

Музичката ѕвезда покажува љубов и почит кон својата публика и знае да возврати, а тоа го покажа и на концертот во Босна и Херцеговина.

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ на 19 јули настапи во Босна и Херцеговина, во општина Теслиќ.

Меѓутоа, набргу по почетокот на концертот започнало невреме, па концертот бил прекинат по половина час. Концертот на легендарниот пејач бил прекинат од силниот дожд и ги растерал посетителите, а поради количеството врнежи, по улиците течеле потоци.

Кога гром блеснал над стадионот, неколку илјади обожаватели на Чола го напуштиле концертот, јавуваат босанските медиуми.

Меѓутоа, дождот не го спречил Чолиќ, па тој продолжил да пее за сите што останале на настапот.

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое може да се види колку се обилни врнежите додека музичката ѕвезда го пее својот голем хит „Права ствар“.

 

„Легенда“, „Каков цар“, „Ти си најголем“, „Здравко е легенда, а песните се хитови кои вечно ќе се пеат“, се само дел од бројните коментари под објавата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article