More

    Здравко Чолиќ изјави дека во Југославија не смеело да се слави Божиќ

    spot_img

    Пејачот Здравко Чолиќ се најде на удар на критики поради една своја изјава. Чолиќ неодамна во една емисија изјави дека во поранешна Југославија било забрането да се слави Божиќ.

    „Имавме елка и сето тоа беше поврзано со Нова година. Божиќ како Божиќ немаше, затоа што беше време на социјализам, комунизам… Не смееше да се одбележува како што беше тоа подоцна, кога настапија верските слободи…“, рекол Чолиќ.

     

    Многу корисници на социјалните мрежи реагираа на оваа негова изјава, која ја сметаат за целосно неточна.

    „Колку колачи се изнајадов за Божиќ и Бајрам во Југославија, а никогаш не ме фатија. Сега гледам дека всушност сум била дисидент“, напишала една корисничка Твитер.

    „Чола заразен со вирус на популизам“, гласи еден од коментарите.

    „Изгледа сепак се работи за деменција“, додава друг.

     

    Пејачот и неодамна зборуваше на истата тема и напомена дека татко му работел во полиција.

    „Во државната работа не беше дозволено ништо да се слави. Ниту Велигден, ниту Божиќ, ниту Бајрам. Сето тоа беше забрането. Ја немам таа божиќна радост од моето детство“, изјави тој.

    Тој додаде дека наместо да се слави Божиќ, елката била украсена за новогодишната прослава.

    „Тие верски празници не беа одобрени. Подоцна, кога сè почна да тече поинаку, секој го славеше на свој начин. Денес секој има право да слави што сака“, заклучи Чолиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img