More

    Зборувала за смртта на синот и го покажала скромниот стан

    spot_img

    Срцепарателното видео за кое се верува дека е последно од пејачката Шинејд О’Конор пред нејзината смрт е емотивна снимка за тоа колку ја погодило самоубиството на нејзиниот син тинејџер.

    Снимката објавена на 9 јули ја прикажува ирската пејачка како зборува за тешкиот момент додека разговара со обожавателите од својот стан.

    О’Конор во видеото ги открива физичките и психичките последици од смртта на Шејн врз неа, велејќи: „Изгледам лошо во секој случај, поради што првично не ни сакав да го снимам видеото.“

    „Кога ќе дознаете дека вашето дете, за жал, умира – тоа не е добро ниту за телото, ниту за душата да бидеме искрени. Но сеедно, да не размислуваме за тоа“, додала пејачката.

    Шинејд потоа го покажала својот стан, велејќи: „Еве го мојот убав стан… тука има многу цвеќиња кои пријателката ми ги подари денеска. Тоа е сè што можам да ви покажам бидејќи останатиот дел е неред“.

    А, многумина забележале дека О’Конор живее во мошне мал стан, а не во луксузна куќа каква што би очекувале.

    „Еј, некои луѓе бараа да направам видео за да го докажам својот идентитет. Сега цела ноќ сум будна, слушајќи книги за хиндуистичка естетика на Јутјуб“, рекла на почетокот како причина за снимањето на видеото.

    Својот последен твит, ирската пејачка го посветила токму на синот:

    „Беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа. Тој беше единствената личност која безусловно ме сакаше. Изгубена сум без него“, напишала покрај неговата фотографија.

    Шинејд почина на 56-годишна возраст, а оваа вест ја шокираше јавноста ширум светот. Јавноста ја памети по обработката на синглот „Nothing Compares 2 U“, но и по ексцентричните појавувања во јавноста по кои остана позната.

    По траумите што ги доживеала во детството, тешко ја погоди уште една, смртта на нејзиниот син пред неколку месеци.

    Телото на синот на познатата пејачка било пронајдено два дена откако бил пријавен за исчезнат. Шинејд ја потврди тажната вест за неговата смрт на Твитер.

    „Мојот прекрасен син, Неви’им Неста Али Шејн О’Конор, светлината на мојот живот, одлучи да ја заврши својата борба на Земјата и сега е со Господ. Нека почива во мир. Љубов моја, те сакам многу, “, напиша тогаш Шинејд.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img