More

    Завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофални земјотреси, од кои загинаа повеќе од 46.000 луѓе во Турција и во Сирија

    spot_img

    Турција објави дека денеска завршуваат спасувачките напори во подрачјата кои пред речиси две недели беа погодени од катастрофални земјотресиод кои загинаа повеќе од 46.000 луѓе во Турција и во Сирија. Засега од двете земји нема податоци за тоа уште колку луѓе се сметаат за исчезнати.

    – Потрагата и спасувачките напори ќе завршат вечерва – изјави Јунус Сезер, шефот на турската Агенција за управување со катастрофи и итни ситуации.

    Се очекува бројот на загинати да биде значително поголем, бидејќи во земјотресот се уништени 345.000 станови.

    Во еден од последните спасувачки напори, киргистански тим се обиде да спаси петмина членови на едно сириско семејство во турскиот град Антакија. Тројца од нив беа извлечени живи 296 часа по земјотресот. Мајката и таткото преживеаја, но нивниот 12-годишен син подоцна почина од дехидрација.

    Светската здравствена организација процени дека на околу 26 милиони луѓе во Турција и во Сирија им треба хуманитарна помош. Светската програма за храна соопшти дека бунтовничките власти во северозападна Сирија го блокираат пристапот до оваа област.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img