Завршија парламентарните избори, прогласи ДИК

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок за завршување на парламентарните избори. На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во селото Ларце, Желино.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата Европски фронт има осум мандати, Вреди исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден.

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од Вреди ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.

Share This Article