More

    Заврши супервештачењето за трагичната автобуска несреќа

    spot_img

    Бирото за судски вештачења го информирал Основниот кривичен суд Скопје дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за сообраќајната несреќа кај село Ласкраци, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот со сите списи ќе биде вратен на понатамошно постапување.

    „Тимот на вешти лица задолжен за конкретниот наод, во изминатиот период по добивање на предметот извршиле увид во доставените списи, направиле анализа во претходните вешти наоди и мислења, анализа на исказите на вештите лица дадени на главна расправа и нивните појаснувања, а најповеќе на неспорните и неспротиставени околности во претходно изготвените вештачањеа како и на околностите на кои вештите лица не се согласуваат во претходните два наода, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.

    Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилото, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило, побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот.

    Од Бирото го информирале Судот дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото, ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот, со сите списи, ќе биде вратен на понатамошно постапување.

    „Во однос на известувањето, надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетните во постапката кои беа присутни во судот и ги извести дека до следната расправа насрочена за 20. декември, сè уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самиите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

    Во автобуската несреќата која се случи на 13 февруари 2019 во селото Ласкарци загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img