Заврши средбата меѓу Лавров и Кулеба – Нема конкретен договор ни по час и пол разговори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По час и пол заврши средбата во Анталија меѓу министрите за надворешни работи на Украина и на Русија, Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров. Според Кулеба, преговорите биле тешки, но договор не бил постигнат, иако тој лично се обидувал да најде дипломатско решение. Било разговарано и за хуманитарните конвои и прекин на огнот и за можна директна средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, пишува Телеграф.
На средбата Лавров рече дека е подобро да има студен мир отколку студена војна.

Кулеба и Лавров отпатуваа во Анталија на покана на нивниот турски колега, Чавушоглу.

Share This Article