More

    Заврши еден од најнеобичните конфликти: Данска и Канада ставија крај на „војната со вискито“

    spot_img

    Данска и Канада по речиси 50 години го решија спорот за сопственоста на ненаселениот остров Ханс на Арктикот, ставајќи крај на „војната со вискито“, јавува Би-би-си.

    Спорот за островот настанал по почетокот на преговорите во 1971 година за спорот во теснецот Нарес, кој ја дели Канада и автономната данска територија Гренланд.

    Договорот за минување на границата беше постигнат во 1973 година, но за време на преговорите двете страни го бараа правото на островчето. Според меѓународното право, тоа можеа да го направат и Данска и Канада, па беше договорено спорот за островот Ханс да се реши подоцна.

    Меѓутоа, во 1984 година, Канада испрати војска на островот, која го истакна канадското знаме и остави шише канадско виски пред да замине.

    Неколку недели подоцна, данскиот министер за Гренланд отиде на островчето и го замени канадското знаме со данско, оставајќи шише аква од Копенхаген. Министерот оставил и порака на која пишувало „Добредојдовте на данскиот остров“. Така започна „Војната со вискито“.

    Во изминатите 49 години, неколку експедиции од Отава и Копенхаген отидоа на островот Ханс, за да го подигнат знамето на нивната земја и да остават шише од националниот пијалок.

    Данска и Канада одлучија во 2018 година да формираат заедничка работна група за решавање на деценискиот спор. Сега официјални лица од двете земји се согласија грубо да го поделат островчето Ханс на половина.

    Данското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека договорот меѓу двете земји ќе биде потпишан по потврда во парламентите на двете земји. Според договорот, островот Ханс ќе биде поделен според празнината на неговата површина.

    Откако ќе се потпише договорот, Канада и Данска ќе ја имаат најдолгата поморска граница во светот, долга 3.882 километри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img