Завршени се проверките на повеќето локации за кои денеска беа добиени дојави за поставени бомби и сите се покажале за лажни – информира МВР за „Плусинфо“.
Нема поставено бомби на Меѓународниот аеродром – Скопје, во хотелот „Александар Палас“ и во училиштата кои се проверени. На аеродромот се вратени патниците, како и евакуираните гости во хотелот „Алерксандар Палас“. Летовите на авионите ќе продолжат.
Се очекува да продолжи годишната конференција на Стопанската комора во „Александар палас“, која беше прекината поради дојавите. На оваа конференција беше најавено учество на премиерот Димитар Ковачевски, повеќе министри и други функционери и стопанственици.
Утрово дојави за бомби имаше и во Националната арена „Тоше Проески“, зградата на ФФМ, ТЦ „Ист Гејт“, хотел „Мериот“, хотел Сенигалиа.
Дојави за бомби стигнаа и во 10 училишта во Скопја и 5 во Битола.
За исходот од сите сите проверки од МВР најавуваат информации за подоцна.