Неколку затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, ни потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде за подоцна ни најавија повеќе детали и фотографии.
Неофицијално, тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица. Ископаниот тунел бил долг 60 метри. Тунелот почнувал од шеталиштето во затворениот дел на затворот, а водел надвор од затворот. Во овој дел од затворот се сместени затвореници со високи казни, меѓу кои има и осудени на доживотен затвор.
Копањето, наводно се правело со месеци, од повеќе затвореници, кои работеле во смени.
Од Министерството за внатрешни работи најавија дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за спроведената акција.