More

    Затвореник во Атланта починал на суров начин

    spot_img

    Осуденик кој почина во затворска ќелија во американскиот град Атланта бил „жив изеден од инсекти и бубачки“, изјави адвокатот на неговото семејство, пренесе Би-Би-Си.

    Лашаун Томпсон беше осуден за прекршочна пријава и беше предаден на психијатриското одделение во затворот во округот Фултон, откако беше оценет како ментално болен.

    Адвокатот на неговото семејство, Мајкл Д. Харпер, објави фотографии од неговото тело покриено со инсекти. Тој повика на истрага, а на новинарите им рече дека ќе поднесе тужба.

    – Господинот Томпсон беше пронајден мртов во валкана затворска ќелија откако жив го изедоа инсекти и бубачки. Затворската ќелија во која беше Томпсон не беше ни за болно животно. Тој не го заслужи ова – рече Харпер.

    фото: Facebook/Yolanda Veal/

     

    Според извештајот на округот Фултон, Томпсон е пронајден неподвижен во својата ќелија на 19 септември, три месеци по неговото апсење и бил прогласен за мртов по напорите на локалната полиција и медицинскиот персонал да го оживеат, пишува USA

     

    Харпер тврди дека затворските досиеја покажуваат дека затворските чувари и медицинскиот персонал забележале дека состојбата на Томпсон се влошува, но не му помогнале на никаков начин.

    Во извештајот на судскиот лекар е наведено дека во неговата ќелија во психијатриското одделение има „тешка наезда од креветски бубачки“, но дека на телото на Томпсон нема очигледни знаци на повреда. Причината за смртта е наведена како неутврдена, пишува во извештајот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img