Затвореник од Идризово, кој бил пуштен на викенд-отсуство, вчера се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар.
Според информациите од МВР, тој бил фатен од полицијата вчера околу 17 часот, а се работи за 43-годишник, Д. С. од Гостивар.
„Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувачница на подрачјето на Центар во Скопје“, велат од МВР.
Мажот бил вратен во затворот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.