More

    Затворен е патот од Солун кон Евзони поради пожар

    spot_img

    Патот од Солун кон граничниот премин Евзони е затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција.

    Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа.

    Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката полиција ги пренасочуваше возилата кон преминот Дојран каде што се формира долга колона возила.

    На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од долгата колона.

    „Веќе 7 часа стоиме во место, дали знае некој што се случува? Има огромна колона, а границата воопшто не се ни гледа“, напиша турист од Србија кој е заглавен на граница.

    Според инфо камерите на ЈП за државни патишта, влезот во Грција преку ГП Богородица попладнево се одвива тековно во три или четири колони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img