Затекнати моторџии во строго забранета област, покрената постапка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од Јавната установа Национален парк Шар Планина информираат дека во вторникот 23 јули, на простор на кој е забрането движење на моторни возила во зоната на строга заштита под врвот Љуботен, нивните вработените затекнале возачи на пет крос мотори и едно АТВ возило, кои потоа во соработка со полицијата биле спроведени во полициската станица и покрената соодветка постапка.

Од НП Шар Планина, потсетуваат согласно Законот за заштита на природата забрането е движење со моторни возила во природата освен во населени места и на сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење, заради спречување на деградација на природата.

„Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата на територијата на Национален парк Шар Планина нема определени површини на кои се вршат тест-возења, крос, спортски возења и слично. Забраната за движење на сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење во заштитените подрачја се уредува со одлука за режим на движење која ја донесуваат субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје“, велат во денешното соопштение од НП Шар Планина.

За движењето со моторни возила на територија на НП Шар Планина е воспоставен режим на движење со цел да им овозможи мир на дивите животни, заштита на природата и ресурсите во приватна сопственост како и уживање на љубителите на природата.

„Патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата https://www.sarmountain.org.mk/mk/karta-mapa/karta-patista. Локалните жители ќе можат непречено да се движат со моторно возило кон својот имот или бачило, иако се наоѓа на пат на кој е забрането движење на моторни возила, откако претходно ќе обезбедат одобрување од Ј.У.Н.П Шар Планина, информираат од установата.

Според Законот за заштита на природата, предвидени се прекршочни санкции за правните и за физичките лица кои организираат движење со моторни возила или се движат со моторни возила во природата, освен во населени места и сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење.

Share This Article