Колони автомобили, автобуси и каминони. Ваква е сликата утрово на граничниот премин Богородица, најфрекфентен за излез од земјава кон Грција. Камерите кои се поставени на граничниот премин покажуваат дека утрово, ден пред викендот има метеж и се чека подолго време.
Од АМСМ утрово информираа дека на Табановце, за влез во земјава се чека околу 30 минути, додека дека на другите гранични премини нема застои.