Израелската армија соопшти дека нападнала цели на исламистичката група Хезболах во јужен Либан и ги засилила нападите врз Појасот Газа, по вчерашните ракетни напади врз Израел од либанска територија.
„Израелските одбранбени сили нема да дозволат терористичката организација Хезболах да дејствува од Либан и да ја сметаат либанската држава одговорна за каков било насочен оган што доаѓа од нејзина територија“, се наведува во соопштението на израелската армија.
Силни експлозии се регистрирани утрово во областа на јужниот либански град Тир. Телевизискиот канал Ал-Манар на проиранската група Хезболах соопшти дека бомбардирањата биле насочени кон три области во јужен Либан, од кои едната била бегалскиот камп Рашидие.