Засилени контроли во центарот на Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу улиците Народен Фронт и Васил Ѓорѓов, пекара Силбо, Порта Македонија итн.

Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж Народен Фронт, Орце Николов и Боемска, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, велат од МВР.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека проблемите со кои со соочува Општината и жителите на Дебар Маало и Капиштец мора да се решат.

– Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да ја подобриме состојбата во нашата Општина. Вечерва сме на терен во заедничка акција и постојано ќе излегуваме. Се надевам дека континуираните санкции за прекршување на законите ќе вродат со плод – изјави Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите граѓани за поддршка и соработка затоа што поддршката е од клучно значење за успешноста на ваквите активности.

- Advertisement -
Ad image

Герасимовски е благодарен за поддршката на граѓаните поврзана со вандализираните детски игралишта и очекува силна соработка поврзана и со овие проблеми.

„Општина Центар и Герасимовски ја поддржа петицијата на граѓаните која ја поднесоа до МВР, Државниот пазарен инспекторат и останатите институции со цел да се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објекти. Само заедно можеме да ја направиме нашата Општина подобро и побезбедно место за живеење“, велат од општината.

Share This Article