Заштита од новиот сој пристигнува во август?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Според информациите што ги имаме од компаниите е дека кон средината на август може да биде фазата на одобрување на вакцините кои се ажурирани за сојот омикрон, односно не само што штитат од тешко заболување, туку и од инфекција со омикрони, а малку подоцна ќе ги вклучат и варијантите четири и пет, кои сега доминираат, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај 100,3“, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој објасни дека токму поради новата, ажурирана вакцина која ќе заштитува и од омикрон, повеќето од нивните нарачки на вакцини ги префрлиле за кон крајот на есента.
Во однос на текот на пандемијата во земјата, министерот за здравство на Грција истакна дека во овој момент постои стабилизирање на новиот бран што зема замав во јуни и јули и оцени дека во следните седмици ќе има пад на бројот на заразени.

– Очекуваме дека од септември веројатно ќе има нов бран, исто како што досега функционираше пандемијата, но единствената разлика што ја имаме во споредба со претходниот период е што имаме имунизациска покриеност на населението и имаме антивирусни лекови за широка употреба – објасни Плеврис.

Share This Article