More

    Засега останува одлуката за штрајк на контролорите на летање што треба да се реализира задутре (12 октомври) од 11 до 17 часот, без опслужување на воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    spot_img

    Засега останува одлуката за штрајк на контролорите на летање што треба да се реализира задутре (12 октомври) од 11 до 17 часот, без опслужување на воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, соопшти Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ).

    – Засега нема промена. Имаше некакви ветувања од директорите кои, за жал, на крај резултираа со текст кој не соодветствуваше со договореното. Доколку не го променат истиот како договорни обврски кои ги преземаат и се согласуваат да ги реализираат, остануваме на одлуката за штрајк во четврток – изјави попладнево за МИА Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање.

    Од М-НАВ, пак, велат дека останува Синдикатот да ја каже дефинитивната одлука и да го потпише записникот од средбата што ја одржале вчера со Управниот одбор, бидејќи, како што потенцираат, раководството ги исполнило поставените барања.

    – Договорено е роковите за пријавување кандидати за вработување да траат минимум 10 работни дена и соодветно да бидат информирани и членовите на синдикалните претставници, како и дека ќе се даде приоритет на неопходни вработувања на оперативниот персонал, како контролори на летање, инженери и техничари. Исто така, договорено е да се зголеми сумата за јавната набавка за консултантски услуги за анализа на систематизација на работните места, а рокот за пријавување да биде 15 работни дена. Исполнети се и барањата за реновирање на просториите на М-НАВ, односно да бидат активно вклучени во активностите, како и да се забрза целиот процес за отпочнување на тендерската постапка за што е издаден налог на вработените од секторот за воздухопловна навигација и Секторот за воздухопловна техника да изготват техничка спецификација. Проблемот со водоснабдувањето веќе е саниран, а преземени се дополнителни мерки за конечно решавање – изјавија за МИА од Секторот за односи со јавност во М-НАВ.

    Најавениот штрајк, како што изјави претходно претседателот на ССКЛ, „е поради непрофесионалното однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“.

    – Да престане хаотичното однесување и да се однесуваат професионално, а контролата на летање да си го добие своето место и во рамки на балканските контроли на летање и во Европа. Во служби што се превработени се зголемува бројот, се распишуваат конкурси што траат по три дена, а лицата што ги ангажираат на тие работни позиции не можат да одговорат на потребите на работниот процес, што потоа се користи како изговор за дополнителни вработувања – на почетокот на месецов, рече Тасевски во најавата за штрајкот за кој добија поддршка и од Здружението на контролори на летање.

    Контролорите за летање реагираат и за застарената опрема која, како што велат, откако е инсталирана во 1999 година, досега само се одржува, иако треба да се менува на секои седум години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img