More

    Засега 7 сигурни кандидати за шеф на државата

    spot_img

    Стево Пендаровски и Гордана Силјановска – Давкова, покрај партиската поддршка од 30 пратеници, собраа 10.000 потписи на граѓани, со што и официјално станаа кандидати за претседател на престојните избори напролет. Со нив листата сега брои 7 кандидати.

    Градоначалникот на Карпош и лидер на партијата „ГРОМ“ Стевчо Јакимовски како и професорката Билјана Ванковска, зад која застана партијата „Левица“, во петокот соопштија дека ги собрале неопходните 10.000 потписи за да влезат во трката за избор на претседател на државата.

    Бујар Османи од ДУИ беше првиот кандидат кој успеа да ги собере потписите, а во средата тоа го сторија и Максим Димитриевски, лидерот на „ЗНАМ“ и Арбен Таравари кандидат на коалицијата „Вреди“ кои успеаја да ја исполнат законската квота потписи. Тие преку социјалните мрежи соопштија дека потписите се собрани и им се заблагодарија на граѓаните за поддршка, а тоа го потврди и ДИК.

    Рокот за собирање потписи истекува на 8. март, а според официјалните податоци на Државната изборна комисија уште пет лица кои ја најавија својата кандидатура сè уште собираат потписи на граѓани. Станува збор за Вело Марковски, Мерсиха Смаиловиќ, Господин Поповски, Зорица Цветкоска и Ѓорги Манасков. Господин Попоски минатата недела објави на Фејсбук дека постапката за собирање не е фер, зашто граѓаните не можат да се потпишат на друго место освен во местото на живеење, и напиша дека се повлекува од кандидатурата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img