More

    Засадени се повеќе од 850.000 садници

    spot_img

    „Денеска, заедно со премиерот Мицкоски, дел од пратениците и со директорот на ‘Национални шуми’ сме во Нов Истевник во близина на Делчево каде што се вклучивме во акцијата за пошумување. Оваа активност всушност е во рамки на Програмата за проширена репродукција на шумите. Во Делчево се пошумуват последните 51 хектар, а целата Програма опфаќа пошумување на 214 хектари“.

    Ова го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

    – Изминатиот период „Национални шуми” извршија пошумување со останати компании коишто имаат општествена одговорност за над 400 хектари површина. Засадени се повеќе од 850.000 садници – појасни министерот Трипуновски.

    Според него, зачувувањето на шумите е од огромно значење, а нивната обнова не е само едноставно садење на дрва. Преку програмите за проширена и проста репродукција на шумите можеме да придонесеме за намалување на влијанието на климатските промени.

    Тој посочи дека наредната година во делот на проширената и проста репродукција се зголемуваат средствата наменети за оваа активност се со цел да се опфати што е можно поголема површина за пошумување која што беше од зафатена од пожарите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img