More

    Заработиле повеќе од 57 милиони евра при набавка на 11 споменици за „Скопје 2014“

    spot_img

    Со заобиколување на Собранието, преку формирање групи луѓе и фирми и со перење пари од нелегални бизниси се изработени неколку споменици од познатиот проект „Скопје 2014“, а дел од парите завршиле и на приватни сметки на обвинетите, рече на денешната прес конференција јавниот обвинител Љубомир Лапе, кој го води предметот „Феникс“ на ОЈО ГОКК од проектот „Скопје 2014“.

    Прес конференцијата се одржа по синоќешните приведувања на дел од осомничените кои се товарат за перење пари и за повреда на службената должност.

    Лапе рече дека се спроведува истражна постапка против 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои освен македонски државјани, има еден државјанин на Италија и три италијански правни лица.

    Обвинителот кој го води случајот изложи дека против 7 лица се предложени мерки притвор, а против други се преземаат други мерки, блокирани се сметките и имотот на лицата и на правните лица кои се основани за таа намена.

    Дел од луѓето се обвинети за злоупотреба на службената должност, а останатите за перење пари од нелегални бизниси.

    Истрагата која сѐ уште се води се однесува на 11 споменици од предметот „Феникс“ – Воин на коњ, Даме Груев, Гоце Делчев, Гемиџии, Прво заседание на АСНОМ, Основачите на ВМРО…

    – Изработката на овие споменици одела преку општина Центар, а не преку Собранието каде што требало да се носат одлуките – рече обвинителот Лапе.

    Тие исто така би требало да бидат сопственост на Собранието, а не на општина Центар како што е сега.

    – Произлезе основано сомнение дека од втората половина на 2007 година па до крајот на 2013, првоосомничениот (Никола Груевски) како претседател на Влада и претседател на тогашна политичка партија на власт, заедно со своите најблиски соработници, заменик-претседател на Влада и министер за финансии (Зоран Ставревски), како и тогашен претседател на Советот на општина Центар и градоначалникот на општина Центар, се поврзале со цел остварување политичка и финансиска корист. За проектот „Скопје 2014“ не постои писмен документ, програма, одлука од надлежен државен орган – рече Лапе.

    Тој образложи дека преку Министерството за култура и третоосомничената (Елизабета Канческа-Милевска) се подготвувале и поднесувале иницијативи за изградба на споменици, под изговор дека се спомен-обележја од локално значење за жителите на општина Центар.

    – Незаконски префрлиле на сметка на општина Центар повеќе од 3,547 милијарди денари со цел да прикажат дека е проект на општината. Градоначалникот на општината ги прифатил средствата – рече Лапе.

    Перењето на парите, како што рече тој, се вршело преку една фирма во странство и три формирани во земјата за таа цел, а парите биле префрлани со фиктивни фактури од една на друга фирма од дома кон странство и обратно и завршувале на сметка на едно лице. На овој начин осомничените се стекнале со противправни пари во износ од 57,8 милиони евра.

    – Од Фиренца во неколку наврати по фиктивни фактури пренел и пуштил 177. 221 евро. Префрлени во готовина на едно лица и на повеќе правни лица кои потоа биле подигани од банкарските сметки – појасни Лапе.

    Обвинителот соопшти дека преку фиктивни фактури се префрлени вкупно 327 853 евра кои завршиле на приватни сметки и во легален оптек во земјава.

    За градоначалниците Тодоровиќ и Виолета Аларова, обвинителот Лапе посочи дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    -Петто и шестоосомничените како градоначалници на Центар, четвртоосомничениот како претседател на Советот на Центар, при вршењето на јавни набавки, направиле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Тие спровеле незаконски јавни набавки. При изборот прифатиле понуди со нереални цени. Италијанскиот државјанин потпишувал договори иако немал дејност леење и изработка на мебел. Со поддоговори, тој лажно прикажувал дека ги изработувал, а работите ги префрлал на други правни лица – рече Лапе.

    Обвинителот рече дека италијанскиот државјанин кој е сопственик на леарница не ги исполнил условите од распишаниот тендер, но ја добил работата. Нему му биле плаќани високи суми за изработка на спомениците, а потоа тој бидејќи немал услови да ги изработи спомениците ги давал на други леарници за пониски суми.

    – Со оглед на висината на казните затвор кои се определуваат за направените дела, предметот нема да застари уште неколку години – појасни обвинителот.

    Истрагата е уште во тек. Дел од осомничените се приведени и се побарани притвори и други мерки за обезбедување, замрзнат имот, банкарски средства во земјава и надвор од неа. Извршени се претреси заради оттуѓување на имотот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img