More

    Zara, Mango, H&M и уште неколку големи брендови воведуваат нова практика во својот бизнис

    spot_img

    Најголемите шпански модни компании од април следната година имаат намера да започнат со собирање фрлена облека како дел од доброволната пилот програма за управување со текстилен отпад во согласност со регулативите на ЕУ кои треба да стапат во сила во 2026 година.

    Меѓу десетте брендови кои ќе учествуваат во проектот, во кој текстилот и обувките ќе се одвојат од другиот отпад за подоцна да се користат или рециклираат, се и сопствениците на Zara Inditex, H&M, Decathlon, Ikea и Primark, организаторите на најавен проект под името Re-viste.

    Шпанија го чека конечното одобрување на новите регулативи на ЕУ кои ќе бараат од земјите-членки да го одделат текстилот од другиот отпад пред правилата да им бидат откриени на модните компании.

    Трошоците за управување со текстилниот отпад ќе ги сносат овие компании, изјави Марта Гомез, директорка за квалитет и оцена на животната средина во Министерството за енергетска транзиција, на модните лидери на настан во Мадрид.

    Регулативите на ЕУ нема да стапат на сила до 2026 година, бидејќи властите ќе им дадат на компаниите најмалку една година да се прилагодат, изјавија владини претставници и извори од модната индустрија.

    „Прописите ни го покажуваат патот што треба да го следиме, но решивме да не чекаме за исполнување на законските правила“, рече Андрес Фернандез, претседател на Re-vista и шеф за одржливост во трговецот Манго, компанија која е дел од проектот.

    Правилата значат дека компаниите кои продаваат повеќе облека и обувки најверојатно ќе треба да платат повеќе за управување со отпад.

    Според официјалните податоци во Шпанија, само 12 отсто од искористената облека се собира посебно, а 88 отсто завршуваат на депониите.

    Секој жител на Шпанија фрла по 20 килограми облека годишно, наспроти просечните седум килограми во Европа.

    За време на едногодишниот експеримент, Re-vista планира да постави десетици контејнери на различни места – во цркви, продавници, трговски центри и на улиците, за да може отпадот да се става во вреќи и да се носи во објекти за селекција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img