Запорожје е нападната со беспилотни летала од Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украина денеска со беспилотни летала ја нападна нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, оштетувајќи камион паркиран до мензата на централата, соопшти управата на објектот назначена од Москва.

„Денеска беспилотно летало го погоди просторот на мензата лоцирана на територијата на нуклеарната централа Запорожје. Оштетен е камион што истоварал производи. Дваесет минути пред нападот имало планирана инспекција на експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија ( МААЕ) во оваа област. Уште еден удар со дрон ја погоди областа на товарното пристаниште. Нема закана за безбедноста на централата. Ниту еден вработен во фабриката или експерти на МААЕ не се повредени“, се наведува во соопштението на управата на објектот.

Ниту една нуклеарна централа во светот не е дизајнирана да издржи директен удар од вооружени групи. Оштетувањето на инфраструктурните капацитети на централата може да го загрози нејзиното безбедно работење, се додава во соопштението. 

Share This Article